Ѓукановиќ: Указот за прогласување на закони го потпишав, дилемите останаа

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го потпиша Указот за прогласување на закони што Собранието повторно го усвои на 20 јануари.

– Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието на повторно одлучување останаа. Со оглед на јасната Уставна норма од членот 94 кој гласи „Претседателот на Црна Гора е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон“, нема простор за поинакво уставно постапување, наведе Ѓукановиќ на Твитер.

Притоа истакна дека е уверен оти со вкупна работа, особено во време на „комплексен амбиент на вршење на власта“, со апсолутно почитување на Уставот, најдобро придонесува за државата и за нејзиниот демократски напредок.

Ѓукановиќ додаде оти верува дека Уставниот суд, како единствена надлежна инстанца, ќе даде одговор на тоа прашање на независен и професионален начин.

Собранието на седницата на 20 јануари повторно ги усвои измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед со 41 глас „за“ од присутните пратеници. Повторно се усвоени и измените и дополнувањата на Законот за кредитни институции, измените на Законот за санација на кредитните институции и измените и дополнувањата на Законот за фискализација во прометот на стоки и услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот