Ѓукановиќ донесе указ за смена на амбасадори

Montenegro's President Milo Dukanovic and his wife Lidija arrive at the Musee d'Orsay in Paris on November 10, 2018 to attend a state diner and a visit of the Picasso exhibition as part of ceremonies marking the 100th anniversary of the 11 November 1918 armistice, ending World War I.,Image: 395240025, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Eric FEFERBERG / AFP / Profimedia

Црногорскиот претседател, по барање на новата влада во Подгорица, ја „овери“ смената на десетина амбасадори, но само откако владата се согласи да ја смени квалификацијата за нивното предвремено заминување од високите дипломатски функции

По исправката на образложението на предлогот на Владата за спроведувањето на отповикувањата, и процедурите предвидени со Уставот, претседателот Мило Ѓукановиќ издаде декрети за отповикување од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Црна Гора на резидентните амбасадори во Босна и Херцеговина, Србија, Италија, Кина, Германија, Полска, Светата столица, Суверениот Малтешки ред и Обединетите Арапски Емирати, како и на нерезидентните амбасадори во Бахреин, Естонија, Индонезија, Кувајт, Летонија, Литванија, Малта, Република Кореја, Сан Марино и Саудиска Арабија.

„Како што реков на првиот ден – не е дискутабилно дали новата влада има политички легитимитет да ја преземе оваа иницијатива. Формално, тоа право го стекна како резултат на изборите на 30 август. Очекувањата дека претседателот на Црна Гора ќе го спречи користењето на ова право, објективно, е очекување да го преправам резултатот од изборите. Се разбира, јас нема да го сторам тоа. Сите оние кои денеска мислат поинаку отколку на 30 август, нека го задржат тоа мислење за следните избори“, се наведува во соопштението на претседателот.

Второто прашање, додава Ѓукановиќ, е дали владејачката коалиција требаше поинаку да го искористи тоа право. „Јавноста нека суди врз основа на оваа иницијатива дали новото мнозинство е во првите редови на создавање на професионална дипломатска служба или демонстрирање моќ по изборите. Според мене, тоа е одмазда со која новата влада го покажува своето вистинско политичко лице и одговорноста пред државата.“

Она што исто така не е дискутабилно, вели претседателот, е неопходноста на која инсистираше примената на политичкото право „да не смее да се злоупотребува за да се клеветат луѓето“.

„Затоа, амбасадорите чие отповикување е предложено, не смеат да бидат квалификувани како лица кои работат на штета и против интересите на државата. Затоа досега не сум издал декрети. И затоа побарав корекција на образложението, што е јавно објавено од владини претставници“, вели Ѓукановиќ.

Тој додава и дека тоа го сторил откако во образложението, меѓу другото, се наведува дека амбасадорите се менуваат поради желбата на Владата да обезбеди поавтентично толкување на нејзината политика во меѓународната заедница, сметајќи дека преку обновен дипломатски персонал, низ вообичаениот консултативен процес и со почитување на кохабитацијата во власта, да придонесе за понатамошно професионализирање на дипломатското застапување и продолжување на континуираното исполнување на стратегиските надворешно-политички приоритети на Црна Гора.

„Би сакал да истакнам дека испраќањето нота од страна на МНР на Црна Гора до Министерствата за надворешни работи на земјите приматели, пред да заврши постапката предвидена со Уставот на Црна Гора, покажува дека и по разговорите со претставниците на Владата и Министерството за надворешни работи, новата влада потврдува дека, всушност, не ја интересира кохабитацијата, туку демонстрирањето на сила и реваншизам. Тоа го примам до знаење и мојот став кон таквата практика ќе биде соодветен“, соопштува Ѓукановиќ.

Тој им се заблагодари на сите кои беа отповикани врз основа на споменатата иницијатива – амбасадорите Вера Кулиќ, Душанка Јекниќ и Сања Влаховиќ и амбасадорите Миодраг Влаховиќ, Тарзан Милошевиќ, Дарко Пајовиќ, Обрад Мишо Станишиќ и Будимир Шегрт на Црна Гора.

„Ова се фазите на демократски развој низ кои мора да помине државата за да биде подобра, законски регулирана и демократски зрела. Се надевам дека ова искуство ќе ни служи во иднина, преку зачувување на достоинството и на професијата и на луѓето, и почитување на правните процедури, да се зачува и гради репутацијата на Црна Гора во светот“, се заклучува во изјавата на претседателот.

 

Преземено од „Вијести“ од Подгорица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот