Групата „Фолтин“ го промовираше новиот албум „Симултан бакнеж“

Групата „Фолтин“ на платото пред МКЦ на 1 јули го промовираше својот нов албум со наслов „Симултан бакнеж“. Станува збор за албум со четири песни снимени во Студио „Алшар“ – Скопје, во декември 2020 година.

На албумот работела стандардната постава на групата, фотографијата и дизајнот на омотот се креација на режисерот Ѓорче Ставрески, издавач на албумот е „ОХО продукција“, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.

Новиот албум беше промовиран истовремено со спот за една од песните објавени на цедето. Станува збор за песната „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Мишел Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видео записот е снимен во Берлин. Продуцент на видеото е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски.

Групата најави повеќе концерти во текот на летото на различни места низ државата, а доколку состојбата со коронавирусот остане стабилна можно е да направат концертна промоција на албумот во Скопје во септември.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 87, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот