Групата „Архангел“ во „Борис Трајковски“ испеа 27 песни

Концертот на групата „Архангел“, со кој започна официјалната музичка програма на 22-рото издание на фестивалот „Таксират“, се одржа согласно протоколот за организирање на јавни настани во затворен простор.

Првиот од низата концерти во склоп на фестивалот, а и воедно првиот културен настан организиран во затворен простор, помина во најдобар ред и со максимално почитување на протоколот, јавуваат од продукцијата.

Под мотото 30 години љубов, на бината на „Таксират“ „Архангел“ настапи со целовечерен концерт, на кој беа изведени дури дваесет и седум песни, приредувајќи едно ново, необично и досега невидено искуство.

Врвните македонски музичари кои го придружуваа Вртев на сцената, направија познатите „Милион долари“, „Чудесен свет“, „Вина невина“, „Сениште“ и сите останати песни да добијат уште поголема смисла и длабочина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот