Груби: Промената на Изборниот законик не е дел од договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за заедничко владеење

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, изјави денеска дека предлогот за една изборна единица не е дел од заедничката програма за владеење помеѓу нив и СДСМ.

Според него, овие измени не се предвидени со политичкиот договор помеѓу двете партии.

-Измените на овој Изборен законик не се дел од политичкиот договор за коалиционирање помеѓу СДСМ и ДУИ, врз база на која е и составена оваа владина коалиција, не е владина политика, не е владина програма за да се имплементира заеднички, туку е една иницијатива со обични пресметки за изборите на 12 април и не е смислена добро за доброто на граѓаните-истакна Груби.

Инаку пратеничката група на ДУИ, има поднесено над 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик. Според нив, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот