Грција го блокира влезот на нелегалните мигранти: Ова е тешка закана за националната безбедност

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Грција ги суспендираше новите барања за азил во следниот месец, наведувајќи дека веднаш ќе бидат вратени сите оние кои во земјата ќе влезат нелегално, пренесува „Б92“.

Грчките официјални лица наведуваат дека спречиле речиси 10.000 мигранти да ја минат границата од Турција.

Премиерот Кријакос Мицотакис рече дека Грција го зголемила „новото на одвраќање на границите до максимум“.

Грција денес соопшти дека се соочува со сериозна закана од повеќе илјади мигранти на нејзните граници, бидејќи Турција им овозможи нивно движење.

– Во овие услови сегашната ситуација е активна, сериозна, ова е тешка закана за националната безбедност на Грција – рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

Според неговите зборови, Турција го охрабрува ваквото движење на мигрантите, пренесува „Ројтерс“.

Од моментот кога Анкара соопшти дека повеќе нема да го спречи движењето на мигрантите кон ЕУ, голем број на луѓе се собраа на границата со Грција, каде дојде до инциденти кога грчките полицајци искористија солзавец против мигрантите кои фрлаа камења кон нив.

Грчката влада синоќа соопшти дека за 24 часа е пречен влез на 9.972 лица од Турција околу Евбос, а дека се уапсени 73 лица.

На грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти

Во изминатите 24 часа на грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти во над 25 различни случаи, а за дел била потребна интервенција на грчката крајбрежна служба за спасување на лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, најголем број бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, вкупно 512 во 11 одвоени случаи.

На Хиос стигнале 295 лица, 128 на Самос и 85 на помалите грчки острови во близина на турското крајбрежје, јави дописничката на МИА од Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот