Грција тагува: Погребана 34-годишната мајка на двегодишно дете, која загина во страотниот судир на возови

Фото: Skai.gr

Грчката јавност денеска тагува – попладнево во Катерини беше погребана 34-годишна жена и мајка на двегодишно дете, која ден и половина се водеше како исчезната по ужасната железничка несреќа кај Лариса. Стотици луѓе се собраа на закопот и на опелото во црква во градот, јавува Skai.gr.

Жената по име Атина, која била мајка на двегодишно момче, на кобниот пат тргнала со сопругот Никос, кој е повреден и се лекува во Универзитетската болница во Лариса.

Фото: Фејсбук

Тие се запознале во Катерини и од 2019 година се венчале. Работеле во неколку локали во градот. Атина беше сестра на фудбалерот на СФК Пиерикос, Василис Кацарас. Нејзиниот брат до раните попладневни часови барал информации за 34-годишната девојка од Катерини. Тој со емотивна објава на Фејсбук ја објави загубата на својата сакана сестра.

„Мојата сестра повеќе не е со нас…“, напиша шокираниот млад спортист.

Foto: Profimedia

Во несреќата кај Лариса, при судир на товарен и патнички воз кои се нашле на ист колосек во спротивен правец, загинаа најмалку 57 луѓе, а преку 120 се повредени, според поц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот