Грчките таксисти на четиридневен штрајк

Гужва на улиците во Атина, Грција / Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре.

Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и ќе трае до петок во исто време, а паралелно ги повикаа синдикатите на таксистите од земјата масовно да учествуваат.

– Да нема ниту едно такси на улиците, Владата мора да разбере дека нашата сектор се уништува, пишува во соопштението.

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, од своја страна донесоа едногласна одлука да одржат 48-часовен штрајк утре и задутре за, како што велат, да го изразат нивното незадоволство за новиот закон.

Ова е втор штрајк на таксистите во Грција за помалку од две седмици, со оглед на тоа дека 24-часовен штрајк, од истите причини, одржаа на 22 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот