Грчкиот претседател ја обвини Турција за прекршување на меѓународното право на Блискиот Исток

Фото: МИА

Од воената парада во Солун за одбележување на националниот празник на Грција, денот „Охи” (Не), грчкиот претседател упати остра порака до Турција дека самоволието нема да помине, обвинувајќи ја за прекршување на меѓународното право на Блискиот Исток, jави дописничката на МИА од Атина.

Прокопис Павлопулос рече дека, кажаното „не” од Грците на 28 октомври 1940 година, „беше врвен чин на отпор кон фашизмот и храбар став на одбрана на елементарните принципи и вредности – мирот, демократијата и човекот”.

– Од овде, од Солун, од срцето на Македонија до сите ја испраќаме пораката дека истото „не” го испраќаме ние Грците денес, до секој што ќе помисли да посегне по овие универзалните идеали. Од овде, од Солун, од срцето на Македонија, кон соседна Турција, која што провокативно го прекршува меѓународното право на Блискиот Исток, испраќаме порака: Самоволието нема да помине. Исто така, до Турција, ја испраќаме пораката дека ние Грците, во услови на цврсто единство, целосно ќе ги браниме нашите национални прашања и национални права и ќе наметнеме почитување на меѓународното и европското законодавство, врз кои се засновани овие права, рече Павлопулос.

Традиционално, како и секоја година, денот „Охи” (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, се одбележува со воена парада во Солун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот