Градоначалникот на Карпош се вакцинираше против коронавирус

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев  на својот фејсбук профил објави дека ја прими првата доза вакцина против коронавирус и се заблагодари на целиот медицински персонал за несебичното вложување во екот на пандемијата.

-Попладнево примив прва доза на вакцина во вакциналниот пункт С.Ц. „Борис Трајковски“. 💉

Благодарност до здравствените работници, медицинските сестри, сите волонтери и припадници на Армијата кои несебично се вложуваат за побрз крај на пандемијата.
Сите кои сте повикани за вакцинација, искористете ја можноста.
Пријавете се на www.vakcinacija.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот