Градоначалникот на Чаир во изолација, бил во контакт со позитивен

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу е во изолација, потврди за ,,Слободен печат” портпаролот на општината Куштрим Ала.

– Градоначалникот од вчера е во самоизолација зашто бил во контакт со лице позитивно на вирусот. Не знаеме со кого точно, зашто работеше многу овие изминати денови, беше во постојан контакт со многу луѓе. Тој е принципиелен и почитува препораки и протокол, направен е тестот и резултатите се очекуваат и тој самиот ќе го соопшти резултатот – рече Ала за Слободен печат.

Тој додаде дека во административната зграда постојано се вршела дезинфекција, се почитувале протоколите и дека се надева дека резултатот на градоначалникот ќе биде негативен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот