Град Скопје минатата недела отстраниле 213 непрописно паркирани возила

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Вкупно 213 непрописно паркирани возила се подигнати минатата недела од јавните површини на Град Скопје. Од нив, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 177 по налог на сообраќајната полиција.

Санкционирани се и 369 возила од страна на контролорите на зонските паркиралишта поради неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Од Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да ги паркираат возилата исклучиво на означените паркиралишта, а корисниците на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот