Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари

Целта е да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата.

Град Скопје набави нова опрема за справување со шумски пожари со цел подигање на нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка.

Опремата, како што соопштија градските власти, се состои од два шумски трактори – четвороцикли, рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили, а ќе бидат во функција на сите единици на Противпожарната бригада на Град Скопје и ЈП Паркови.

Целта е да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата.

Планината Водно и Кањонот Матка заради своите природни вредности се прогласени за заштитени подрачја и се атрактивни туристички дестинации во Скопје.

Активностите за подигнување на нивото за заштита од шумски пожари, Град Скопје ги реализира во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, финансиран од Европската Унија, а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот