ГП „Богородица” пуштен за транзит на странци, ги враќаат од грчка страна

Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит  на странци со што е забележано поголемо присуство на возила кои без проблем ја минуваат нашата граница, но се враќаат од страна на грчките и полициски царински службеници затоа што грчката копнена граница останува затворена за сообраќај до 30 јуни, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП Богородица.

Од кај нас во Грција без проблем може да влезат само итни случаи со соодветни документи. За туристи официјално ќе биде дозволен влез од 1 јули.

Нашата Влада на завчерашната седница донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на земјава. Со него се  утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, да ги користат  гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.

-Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамки на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот