Гостиварец снимал сексуални односи со 15-годишно девојче, видеата сакал да ги споделува

Фото: илустрација

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 1 од Кривичниот законик.

„Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете-жртва. Снимениот видео-материјал и фотографии тој ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин.“

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот