Големо невреме во Кина: Најмалку четворица загинати

Фото: EPA

Силно невреме кое предизвикало и големи поплави ја зафати Кина, а според пишувањата на тамошните медиуми, најмалку четворица планинари загинале.

Група од 285 планинари од три туристички групи беа заробени откако започна силниот дожд, пренесува новинарската агенција Шинхуа.

Невремето резултираше со поплави во гратчето Гаоху, каде загинаа четворицата планинари, информира истата агенција.

Локални власти започнаа спасувачки акции и сите преостанати планинари беа спасени.

„Преку 530 спасувачи се испратени на задача во погодените области“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот