Големи рации низ Германија поради поврзаност со Хезболах

Фото: Paul Zinken / AFP / Profimedia

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер денеска изјави дека во седум региони се извршени полициски рации, со цел да се провери исламистичко здружение осомничено за поврзаност со либанската шиитска група Хезболах.

– Во време кога многу Евреи се чувствуваат особено загрозени Германија нема да толерира ниту исламистичка пропаганда, ниту антисемитистичко поттикнување непријателства кон Израел, наведе Фезер.

Таа додаде дека цел на полициските рации биле Исламскиот центар во Хамбург и пет поврзани групи со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот