ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО КЕНИЈА: Над 29 лица загинаа, а 12.000 луѓе се раселени

EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Најмалку 29 лица загинаа во поплавите во Кенија, соопштија денеска локалните властите во четвртокот, а во исто време метеоролошката служба предупреди дека се очекуваат уште поројни дождови.

Источноафриканската земја во моментов поминува низ втората годишна сезона на дождови, но врнежите во октомври се над просекот во повеќето делови на Кенија, информира Џејмс Мухинди од метеоролошката служба.

Тој додаде дека во една област близу границата со Етиопија во првите е регистрирала повеќе дожд во првите 10 дена од месецот отколку што обично ќе се види во текот на целата дождовна сезона, што обично се одвива помеѓу октомври и декември.

Речиси 12.000 луѓе се раселени поради поплавите кои најмногу ги погодија северниот и источниот дел на Кенија. Поплавите, исто така, предизвикаа голема штета врз клучните сектори на економијата на земјата, како што е земјоделството. Според локалните власти, во поплавите угинале 10.000 грла добиток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот