Голем неделен хороскоп (3-9.10): Лавовите ќе имаат љубовни авантури, а Биковите ќе бидат озборувани

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Ќе имате премногу идеи, но ќе имате проблем да ги реализирате. Негувајте добри меѓучовечки односи на работното место. Вашите колеги ќе сакаат да го искористат вашето знаење. Игнорирајте ги, барем на момент, емоциите и потпрете се на рационалното расудување. Ќе имате тенденција да бидете нетолерантни кон партнерот. Со смиреност можете да избегнете неправди.

Бик

Ќе работите напорно и ќе им служите на многумина, но внимавајте да не ве искористат. Некои од Биковите ќе имаат недоразбирања со колегите. Ќе имате поголема самодоверба, а вашата разбудена самосвест ќе има големо влијание врз партнерот. Оние кои се самци, ќе уживаат во вниманието на потенцијалните партнери. Не им придавајте значење на озборувањата кои кружат за вас на работното место.

Близнаци

Ќе создавате, ќе смислувате и ќе одлучувате, а останатите ќе ги прифаќаат вашите идеи. Вашата психофизичка подготвеност ќе ви овозможи брзо да напредувате на работното место. Иако нема да сакате да си признаете, љубовната приказна, за која мислевте дека е минлива, ќе прерасне во нешто позначајно. Ќе бидете изненадени од самите себеси и своите чувства. Не ги одложувајте тешките задачи и соочете се нив.

Рак

Многумина од Раковите ќе се соочат со нивниот шеф. Но, внимавајте, можеби ќе влезете во конфликт кој ќе ги расипе вашите односи. Не брзајте со одлуките. Полека, но сигурно ќе почнете да разговарате со партнерот за иднината на вашиот однос. Дозволете им на туѓите критики да ве мотивираат и да ве поттикнат да направите позитивни промени.

Лав

Ќе се издвоите од другите колеги со своите организациски способности и, благодарение на вашата упорност, ќе ги остварите сите планови. Лавовиве ќе бидат понесени од сензуален занес кој, можеби, ќе ги одведе во незаборавна авантура. Ќе ве води страста и потребата за емотивни предизвици. Почитувајте ги желбите и потребите на блиските.

Девица

Поголемата заработка ќе ви помогне да размислувате пооптимистички за иднината. Ќе бидете вредни и ќе заработите многу пари за кратко време. Внесете малку повеќе романтика во врската и изненадете го партнерот со подарок или убав состанок. Оваа недела е совршена за да решите некој административен проблем.

Вага

Оваа недела ќе бидете многу вешти во вербалната комуникација, нешто што многу ќе ви помогне во деловните преговори. Ќе сакате да сакате и да бидете сакани и ништо нема да ве спречи да го направите тоа. Оние кои се во одреден љубовен однос, ќе почувствуваат потреба да го запознаат партнерот со своите родители. Конечно ќе можете да протуркате некои прилично смели идеи и концепти.

Скорпија

Скорпиите ќе се истакнат на работното место со своите неконвенционални решенија за потенцијалните проблеми. Вашите шефови многу ќе бидат задоволни од вашата работа. Се наоѓате во период на емоционални сомнежи. Вашите избори ќе се покажат како погрешни, особено ако одлучите да ризикувате. Грешите ако мислите дека луѓето не ве ценат доволно.

Стрелец

Ќе бидете убедливи и ќе имате добри аргументи за вашите ставови. Ќе добиете деловна понуда што долго ја чекате, а напливот на нови идеи ќе ви даде самодоверба. Не го прашувајте вашиот партнер за нивното минато бидејќи нема причина за да го правите тоа. Ако си дадат шанса на самите себе, слободните Стрелци ќе влезат во најубавата љубовна врска во нивниот живот. Живејте во животот во целост.

Јарец

Ќе имате намалена концентрација, па затоа не се оптоварувајте со многу работни обврски. Во спротивно, ќе се чувствувате немотивирани за работа. Бидете внимателни, деновиве ќе бидете многу нервозни и ќе имате тенденција да се карате со вашиот партнер. Одложете ги потешките работни задачи и замолете ги колегите за помош.

Водолија

Водолиите кои се вработени како сметководители и финансиските советници ќе имаат успех во работата. Дефинитивно, оваа недела ќе имате добра заработка. Кога станува збор за љубовта, ова е убав период за вас. Оние Водолии кои сакаат да станат родители, постои голема веројатност дека ќе добијат позитивен тест за бременост.

Риба

Несогласувањата на работното место ќе ги решавате дипломатски и лукаво ќе ги криете своите намери од другите соработници. Рибите ќе имаат одличен социјален живот, нешто што ќе биде главна причина за зголемениот број љубовни можности. Оние кои се во врска – уживајте во љубовниот однос, нема потреба од недоверба. Не му дозволувајте на стресот да ве совлада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот