Голем неделен хороскоп (21-27 февруари): Лавовите ќе се соочат со нови деловни предизвици, Скорпиите ќе бидат полни со енергија…

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Вашите обиди да ги презентирате предностите на вашите идеи пред претпоставениот не наидуваат на одобрување, не само од соработниците, туку и од авторитетите. Сега не е време да се инсистира на тоа. Повлечете се и почекајте подобро време. Незадоволството во партнерските односи се пренесува и во односот со пријателите и блиските роднини. Обидете се да го решите проблемот со партнерот. Доколку дојдете до заклучок дека не ви оди, застанете на време. Можни се проблеми со `рбетот, како и скршеници на рамената коска, кои можат да бидат многу болни.

Бик

Работодавецот се повеќе ве оптоварува со нови обврски, кои не можете да ги остварите. Проблемот е што немате со кого да ги споделите вашите обврски бидејќи има се помалку вработени. За ова придонесе не само пандемијата на коронавирусот, туку и лошиот третман на работниците. Чувствувате дека нешто не е во ред со вашата врска. Постои силно мешање од друга личност. Партнерот не е подготвен искрено да разговара со вас. Можна е болка во грло, кашлица и треска, најдобро е да се тестирате што е можно поскоро.

Близнаци

Плановите што сте ги поставиле мора да ги одложите. Особено ако се поврзани со соработка со странство. Ова може да ги наруши вашите намери, но не за долго. Вие секогаш имате резервен план. Бидете внимателни со парите. Односот со партнерот е релаксирачки, никогаш не ви било подобро. Уживате во заедничките моменти, разговарајте искрено за иднината.
Обидете се да се дистанцирате од се што ви се случува. Време е да ја промените исхраната. Елиминирајте ја мрсната, зачинета
храна, како и газираните пијалоци.

Рак

Вие сте поборник на трпение и проникливост, но за некои грешки во работата како и за нетолерантно однесување немате слух. Ќе мора да ја прекинете соработката со некои долгогодишни соработници, и да се обидете да го најдете тоа што ви треба со некои нови. Доколку сте слободни, очекувајте ново познанство преку пријател. Можеби веќе ја познавате оваа личност. Доколку сте во врска, бидете внимателни со партнерот бидејќи сте многу чувствителни. Можни се проблеми со синусите придружени со силни главоболки. Консултирајте се со лекар.

Лав

Оваа недела ќе биде многу тешка за вас. Можно е да се одложат некои планови. Бидејќи не можете да влијаете на некои настани, најдобро е да почекате да помине неповолниот период. Бидете трпеливи. На емотивно поле, можно е да дојде до кршење на некои илузии. Партнерот конечно ќе се покаже во вистинско светло, а тоа воопшто нема да ви се допадне. Одлучете дали можете да толерирате некои работи или да ставите крај на оваа врска. Без одложување.

Девица

Овој период е многу неповолен за какво било потпишување договори и склучување зделки. Не сте фокусирани, можеете да пропуштите некои работи што подоцна ќе ти се срушат врз глава. Доколку не можете да го избегнете тоа, некои одлуки препуштете ги на некој близок соработник. Неверојатно е колку очекувате од партнерот, без да кажете ни збор за вашите потреби и желби. Партнерот не може да ги прочита вашите мисли. Може да дојде до пад на енергијата и имунитетот. Бидете внимателни со диетите кои ги следите веќе некое време.

Вага

Обрнете внимание на вашето деловно опкружување. Непријателот демне од страна, насмеан. Внимавајте на работите што ги кажувате бидејќи некои ситуации лесно можат да се свртат против вас. Фокусирајте се, не ги споделувајте вашите идеи со другите, чувајте ги за себе. Вашата токсична емотивна врска не ветува светла иднина. Доколку не сте среќни подобро е да
ставите крај на работите што е можно поскоро. Обрнете внимание на кардиоваскуларниот систем, консултирајте се со кардиолог.

Скорпија

Полни сте со енергија и сè завршувате лесно, без многу напор. Ќе покажете голема доза на сигурност со одлуките што ќе ги донесете. Не се сомневајте дека ќе имате негативен исход. Меѓутоа, ако сакате да започнете сопствен бизнис, почекајте малку, ѕвездите не се на ваша страна. Во љубовта работите се развиваат подобро отколку што очекувавте. Доколку сте сами, ќе запознаете личност која ќе предизвика во вас чувства и нежност, која не сте ја почувствувале одамна. Неделава ќе ви годат лесни прошетки, умерени активности како пливање. Важно е да не се напрегате.

Стрелец

Многу сте јасни во своите намери, а обврските не ви одземаат премногу енергија. Сакате да ја завршите работата на време, што е можно побрзо. Очекувате соработниците да бидат јасни и спремни да покажат поголем интерес, како и да даваат предлози. Многу сте задоволни од вашите финансии. Ако сте во врска, немате најдобра комуникација со партнерот. Тој се повелкува во себе, што ви создава сомнеж. Обидете се да го натерате да разговара, да дојдете до суштината на проблемот. Можни се проблеми со мускулите, коските, што укажува на тоа дека треба да бидете физички поактивни.

Јарец

Подготвени сте да дадете се од себеси за да бидете финансиски посигурни. Сепак, работодавецот во неколку наврати ве разочарал. Не испочитувал дел од договорот, а од вас очекува добри резултати, без никаков поттик или ветување. На личноста за која се грижите ѝ делувате многу мистериозно. Не ги откривате лесно вашите емоции. Обидете се да бидете малку поотворени, ќе видите дека односот со партнерот ќе биде подобар.

Водолија

Целосно сте посветени на работата, давате се од себеси, а резултатите ви „бегаат“. Се преиспитувате и почнувате да се сомневате во сопствените одлуки. Едноставно ѕвездите во моментов не ви се наклонети, важно е само да не ја изгубите довербата во себеси. Во спротивно, можете да се повлечете во себеси и да станете деструктивни. Секако, деловната ситуација негативно влијае на емотивното поле. Целосно сте го запоставиле партнерот, оптоварени сте со деловните неуспеси. Разговарајте со него, тој може да ви помогне. Страдате од се почести главоболки. Проверете го притисокот, бидејќи тоа може да биде причина за проблемот.

Риби

Не ви оди добро на работа, не сте заинтересирани да менувате нешто или да донесувате одлуки. Ја губите концентрацијата, па препорачливо е да не носите важни одлуки оваа недела, кои подоцна може да ве чинат позиција, статус и финансии. Емотивно сте незадоволни. Секоја ситница, секоја постапка на партнерот ви пречи. Запрашајте се дали ова е само минлива криза или губење на целосен интерес. Разговарајте со вашиот партнер. Уморни сте и поспани, немате доволно енергија да се движите и да промените нешто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот