Голем неделен хороскоп (21-27.11): Лавот ќе има деловен успех, а Водолијата ќе ги шармира сите околу себе

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Деновиве ќе доживеете голем деловен напредок и ќе уживате во поддршката од голем број истомисленици. Ќе бидете одлични во вербалното изразување и ќе имате големо влијание врз луѓето. Оние Овни кои работат во образование ќе бидат особено успешни. Оваа недела нема да ви недостига блискост и сѐ повеќе ќе сфаќате колку ви значи вашата сакана личност. Некои припадници на овој знак ќе почувствуват потреба да флертуваат со „забранета“ личност, но мотивот ќе им биде себедокажување, а не желба да се впуштат во афера. Време е да направите нов режим на исхрана, само така ќе имате подобро здравје во деновите кои следат.

Бик

Биковите ќе имаат поддршка од влијателни луѓе, а доколку работите во банка – сите врати ќе ви бидат отворени. Многумина од вас ќе заминат на службено патување или ќе потпишат деловен договор од големо значење. Заземете цврст став, покажете што сакате од партнерот – ова ќе придонесе за порелаксирана атмосфера. Планетите ќе ви дадат поттик да бидете почувствителни. Заедничкото планирање за иднината ќе ве зближи. Сите спортски активности ќе ви донесат големо задоволство. Сега е совршен момент да го намалите вишокот килограми.

Близнаци

Воздржете се од непотребни критики, не раскажувајте канцелариски озборувања и внимавајте што и кому му кажувате. Одморете се добро психички, не инсистирајте на брзо остварување на вашите деловни амбиции. Љубовната хармонија ќе се разниша поради вашата недоверба во саканата личност. Нема да можете да се препознаете. Од 23 ноември ќе бидете многу чувствителни, затоа внимавајте на дигестијата, коските и зглобовите. Но, вашето добро расположение нема да ве остави, па ќе водите интензивен социјален живот.

Рак

Меѓучовечките односи ќе ве исцрпат. Не сфаќајте сè сериозно, развивајте квалитети како што се простување и толерирање на туѓите грешки. Обидете се да ги извршувате задачите рутински и да не преземате нови. Ќе чувствувате блокади во насока на љубовната енергија. Партнерот ќе биде тврдоглав и ќе има тенденција да ве провоцира и на тој начин да ги заштити сопствените грешки и неодговорност. Некои од Раковите ќе страдаат од несоница, па затоа ќе биде добро ако направат порелаксирана атмосфера во спалната соба.

Лав

Меркур во Стрелец ќе ги отстрани деловните пречки и широко ќе ви ја отвори вратата кон светот на успехот. Значи, ако имате амбиција да напредувате, барате друга работа или сакате да разговарате со вашиот шеф за покачување на платата – направете го тоа веднаш. Од 23 ноември ќе имате подобро разбирање со партнерот. Ќе разговарате за некои стари проблеми, но нема да се расправате. Слободните Лавови ќе запознаат комуникативна и интелигентна личност. Периодот на Стрелец од 23 ноември ќе ви го подигне нивото на енергија за да не бидете толку уморни.

Девица

Владеењето на Стрелец и неповолниот Марс ќе бидат виновници за повеќето одложувања, административни заплетки и несогласувања во работната средина. Внимавајте да не му замерите на вашиот шеф поради вашите јазични вештини. Деновиве ќе ги преувеличувате проблемите во љубовните односи. Не му пречете на партнерот и му се жалете за сѐ и сешто. Секоја физичка активност ќе ви претставува тежина. Поради зголемената чувствителност, лесно ќе започнувате кавги.

Вага

Седмицава ќе имате многу идеи кои ќе ги претставите пред своите соработници. Постои голема можност дека ќе бидете унапредени, а вашите вредности ќе бидат забележани. Сепак, внимавајте на вашето расположение и не се изложувајте на дополнителен стрес. Дајте ѝ шанса на вашата сакана личност да ги докаже своите ветувања и добри намери. Меѓусебната доверба ќе ви помогне да ѝ простите и да ѝ ги разберете грешките. Вашето здравје ќе биде одлично и ќе имате поголема енергија од вообичаено.

Скорпија

За некои од Скорпиите ова ќе биде напорна седмица поради честите патувања и дружењето со партнери кои не ви се пријатно друштво, а ќе биде неопходно да им оставите добар впечаток. Оваа недела, повеќе ќе излегувате и ќе се забавувате. Ќе бидете вистински ѕвезди во сечие друштво, па дури и најсрамежливите Скорпии ќе бидат поопуштени. Ќе запознаете нова љубов во друштвото во кое најмногу се движите. Уредете си го животот според вашите стандарди и не дозволувајте никој да ве заморува. Најдете го вашето тивко катче за мир.

Стрелец

Оваа седмица, Стрелците ќе го добијат долгоочекуваното признание за нивната работа. Конечно, вие ќе го завршите тешкиот проект којшто ви создава главоболка подолго време. Обидете се да ја вратите поранешната љубов, особено ако не сте ја преболеле или неодамна сте раскинале. Поправете ги старите грешки и дајте си нова шанса. Ќе бидете одлично расположени и ќе имате желба да танцувате секаде каде што ќе имате прилика.

Јарец

Поседувањето важни информации или тајната поддршка од луѓе од сенка ќе бидат од големо значење во вашиот бизнис. Ќе барате проблем таму каде што го нема, повлекувајќи се во себе. Ќе се сомневате, а тоа тврдоглаво ќе го чувате во себе, очекувајќи од партнерот да ги претпостави вашите желби и потреби. Иако не сте под толку голем стрес, здравјето ќе ви биде послабо.

Водолија

Ќе плените со шарм и добрина. Искористете ја вашата завидна концентрација и психичка острина. Не се откажувајте во реализацијата на новите идеи, дури и ако видите дека некои луѓе намерно ве забавуваат. Доколку барате сродна душа, може да се случи судбоносна средба во поголемо друштво. Оставете ја другата страна да го направи првиот чекор. Омилените планети ќе ви дадат многу енергија, но треба правилно да ја насочите. Не претерувајте со пороците и ноќниот живот.

Риби

Ќе се сомневате во способноста на колегите и ќе сфатите дека не можете секогаш да се потпрете на нивното знаење и стручност, туку дека повеќето проблеми треба сами да ги решавате. Ќе бидете ориентирани кон социјалниот живот, па полесно ќе запознаете некој нов. Ако штотуку сте влегле во љубовна врска, не избрзувајте и не зборувајте за поранешната љубов – ќе оставите лош впечаток. Владеењето на Стрелец не ви е добар период, па ќе имате намалена енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот