Голем неделен хороскоп (17-23.10): Рибите ќе имаат дополнителни приходи, а Раковите проблеми во љубовта

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Ќе ве нервираат незадоволните клиенти, газдите со нереални барања и некоректните колеги. Секое отстапување од нормалата не се препорачува, затоа внимавајте што правите. На љубовта ќе ѝ пристапите многу сериозно, но ќе бидете и романтични. Оваа комбинација на рационалното со емотивното ќе биде многу привлечна за спротивниот пол. Ако сте во врска, сѐ повеќе ќе почнете да размислувате за брак или деца. Владеењето на Вага ќе влијае на вашата нервоза. Не ја запоставувајте важноста на витамините, овошјето и зеленчукот. Вашиот имунитет ќе биде ослабен, па затоа внимавајте да не настинете.

Бик

Комуницирајте со луѓе од други средини, усовршете се. Бидете практични – дела, а не зборови. Неделава ќе се посветите на активности поврзани со лична промоција, остварување нови контакти и проширување на бизнисот. Колку и да сте незадоволни со партнерот, врската или бракот, вие нема да бидете подготвени за радикална промена, односно раскинување. И покрај проблемите, вие ќе имате впечаток дека вашиот партнер е нераскинлив дел од вас. Венера во вашето поле на здравјето ќе влијае на вашата потреба повеќе да се дотерувате, да посетите салон за убавина или да набавите нови производи за нега на кожата.

Близнаци

Секој успех во работењето ќе биде дело на вашите раце. Секоја кадровска промена во вашата компанија ќе биде од корист за вас. И додека другите се чувствуваат оштетено, Близнаците нема да имаат причина за грижа. Венера ќе го забрза раѓањето на чувствата и страста, па бргу ќе ги решите недоразбирањата со саканата личност. Оние кои се слободни, отфрлете ги сите сомнежи за новата личност во вашиот живот. Оваа недела, одете на редовен преглед кај вашиот матичен лекар. Време е да се посветите на вас и вашето здравје. Често сте под стрес, затоа одморете се.

Рак

Бидете внимателни, добро организирани и држете се до плановите. Односите со деловните партнери и соработници ќе бидат прилично влошени, затоа бидете спремни дека некој ќе се обиде да ви се спротивстави. Позицијата на Венера нема да ги фаворизира Раковите. Ќе има денови кога ќе почувствувате дека оковите на вашата врска ве гушат, па ќе ви треба мир и тишина повеќе од сѐ друго. Издржете сѐ што ќе се случува оваа недела, бидејќи, почнувајќи од следната, сè ќе се промени на подобро. Ќе бидете витални и ќе имате доволно енергија, но ќе ве мачат честите промени на расположението. Вашата концентрација ќе биде влошена, па затоа ќе ги извршувате задачите потешко од вообичаено.

Лав

Оваа недела ќе бидете многу вредни и мотивирани. Сѐ ќе ви делува многу лесно за извршување. Ќе уживате во предизвиците – колку е потешка задачата, толку ќе ви биде поинтересна. Средбите со партнерот ќе ви обезбедат статус на хармоничен пар. Ќе изгледате како да сте создадени еден за друг. Оние Лавови кои се во проблематични врски, можеби, ќе се најдат во прегратките на друга личност. Благодарение на вашиот оптимизам и позитивниот став, нивото на енергија ќе ви биде зголемено. Владеењето на Вагата ќе ги истакне најдобрите особини на Лавовите.

Девица

Ќе бидете самоуверени во деловните контакти и нема да дозволите зависта на вашите соработници да ве обесхрабри. Постои можност за деловно патување, одреден семинар или профеционално предавање во друг град, а можеби и во странство. Венера ќе ја истакне вашата заводливост, па деновите нема да ви поминат без барем еден важен љубовен настан. За некои Девици тоа ќе биде нова љубов, а за други – свршувачка или свадба. Вие сте свесни за важноста на редовното вежбање, затоа ќе се запишете на теретана и за рекордно време ќе ја вратите изгубената кондиција. Ментално ќе бидете одлични, но некои семејни неволји ќе ве вознемират.

Вага

Оваа недела ќе ви биде погодна за реновирање во домот, купување нов мебел, но и технологија и автомобили. Ќе се ослободите од некои долгови и ќе реализирате нови можности за заработка. Иако физички ќе бидете тука, со мислите ќе бидете на некое сосема друго место. Ова особено важи за Вагите кои одржуваат врска на далечина. Ќе бидете одлучни да направите некоја промена во врска со тоа. Ќе преземете конкретни чекори со цел да се преселите таму каде што е вашата сакана личност. Полни сте со енергија и желни за нови искуства. Вашите пријатели би можеле да ве убедат да пробате активности кои се нетипични за вас, но избегнувајте прекумерни напори и акробации. Бидете внимателни во сообраќајот!

Скорпија

Ќе работите под тешки услови, со чести промени на роковите и приоритетите. Не дозволувајте оние кои тврдоглаво се придржуваат до застарените пристапи во бизнисот да ве исфрлат од колосек. Ќе запознаете многу нови лица, но може да се случи да ве заведе личност која е во долга врска или некој кој неодамна имал горко разочарување во љубовта. Ќе чувствувате потреба да бидете сами и да бидете оставени на раат. Ако е така, тогаш овозможете си го тоа. Во самотија, Скорпиите најдобро ќе размислуваат за тоа што ги мачи и што им ја троши енергијата.

Стрелец

Ќе бидете јавно пофалени за вашата работа. За студентите и учениците, вашата концентрација и меморија ќе биде многу зголемена. Кратките патувања и познанствата на работа ќе резултираат со силни чувства, а за многумина и нови љубовни почетоци. Брачните односи на Стрелците ќе бидат освежени со нови изливи на страст. Ќе бидете подложни на стрес, а вашето тело ќе бара повеќе сон и одмор. Болката во грбот ќе предупреди на лоша положба за спиење или неквалитетна перница.

Јарец

Ќе бидете фокусирани на вашиот авторитет и углед. Некои ќе го проценат тоа како ваша суета и потреба постојано да ви се угодува. Не им замерувајте на другите, контролирајте ги вашите бурни реакции пред да донесете какви било одлуки. Пред да кажете нешто, размислете добро. Ќе се повлечете во себе и ќе почувствувате дека врската со партнерот не е она што ви треба, но сите ваши сомнежи и стравови ќе бидат неосновани. Неделава ќе биде слони кон лоши расположенија и сè гледате во негативно светло. Опкружете се со саканите кои ќе ви помогнат да ги пренасочите вашите мисли кон поведри теми.

Водолија

Ќе ја подобрите комуникацијата со шефовите, што ќе придонесе за поквалитетен бизнис. Отворете се за нови искуства. Планетите ќе фаворизираат познанства со луѓе кои не се од вашиот град. Можеби ќе започнете врска на далечина, а комуникацијата ќе ви биде сведена на телефонски разговори и пораки. Водолиите кои се во брак ќе станат понежни и поромантични кон партнерот. Нема да погрешите ако се посветите на вежбање и спортување. Ќе бидете исклучително социјални, ќе ширите позитивна енергија, па многумина ќе ве поканат да излезете.

Риби

Ќе се отворат прашања за одредено наследство, а исто така ќе одлучите да издвоите дел од заштедата, да ја вложите во инвестициски фонд или да го осигурате имотот. Можно е зголемување на заработката или дополнителен извор на приход. Ќе ви се случи љубовна криза, предизвикана од недостаток на доверба. Силно ќе се спротивставите на мислењето на партнерот. Вашите маани ќе излезат на виделина, а со своето однесување ќе ја испровоцирате спротивната страна на расправија. Рибите ќе се посветат на полесни активности, како пешачење, јога или пилатес. Не ја трошете енергијата на исцрпувачки и претерано напорни активности, бидејќи Марс предупредува на можност од повреди и воспаление на мускулите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот