Голден Стејт нуди нови договори на повредените ѕвезди

Крилото на Голден Стејт вориорс, Кевин Дурант во плејофот ја доживеа една од најтешките спортски повреди, на ахиловата тетива, додека Клеј Томпсон во последниот натпревар од финалети ги скина предните вкрстени лигаменти.

И двајцата кошаркари ги очекува долга рехабилитација, Дурант најверојатно ќе ја пропупшти следната сезона, додека Томпсон најрано може да се врати на терените во март идната година.

Но, според американските медиуми, управата на Голден Стејт е подготвена да им понуди максимални петгодишни договори на двајцата несреќни кошаркари кои летово ќе станат слободни играчи.

Според правилата на НБА лигата, тоа значи дека и Дурант и Томпсон би добиле по 200-220 милиони долари во наредните пет години.
Проблем за „воините“ може да претставува и тоа што третата ѕвезда на екипата, Стеф Кари има максимален договор кој му носи 40.8 милиони долари по сезона.

Доколку успее да потпише со Дурант и со Томпсон, клубот во наредните пет години би платил на НБА лигата, неверојатни 350 милиони долари како данок на луксуз за пречекорување на предвидениот буџет за плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот