Ѓоковиќ сигурно чекори кон финалето

Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Вимблдон откако во четвртфиналето со максимални 3:0 во сетови и тоа со 6:4,6:0.6:2 го елиминира Давид Гофан од Белгија. Ова беше вкупно 12. победа по ред на Ѓоковиќ на Вимблдон, а по деветти пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на најпрестижниот тениски турнир.

Пресудно да за триумфот на Ѓоковиќ беше фантастичната серија од дури 10 освоени гемови во низа, а која започна по брејкот на Гофан за 3:4 во првиот сет. Тогаш Ѓоковиќ експресно врати со ри брејк потоа направи уште еден за 6:4 во првиот сет. Потполната доминација продолжи во вториот сет кој првиот светски рекет го доби со неверојатни 6:0 против 18. тенисер на АТП ранг листата.

Шокираниот Гофан не успеа да се врати во мечот, и српскиот тенисер  рутински со 6:2 дојде до триумф и пласман во полуфиналето каде го очекува подобриот од дуелот помеѓу Роберто Баутиста Агут и Гвидо Пела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот