Ѓоковиќ: Немам некој голем респект за Кирјос

epa08988012 Novak Djokovic of Serbia in action against Alexander Zverev of Germany during the ATP Cup tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 05 February 2021. EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Првиот тенисер на АТП ранг листата го коментираше однесувањето на Ник Кирјос, кој во јавноста често го напаѓа Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ откако излезе од карантинот во Аделаида изјави дека на одговара на прашања поврзани за Ник Кирјос кој го исмеа обидот на српскиот тенисер да издејствува подобри услови на тенисерите и тенисерките кои се наоѓаа во строг карантин во Мелбурн.
Сепак, австралиските медиуми не се откажаа и успеаја да извлечат коментар од Ѓоковиќ за Кирјос.
Што се однесува до делот надвор од терените и тоа што го прави, немам премногу респект за него. Тоа нека биде се што ќе кажам. Немам повеќе коментари за Кирјос, за неговите коментари на моја сметка или за тоа што тој го прави – изјави Ѓоковиќ кој сепак вели дека австралискиот тенисер знае да го направи тенисот интересен се додека не ги поминува границите на пристојност.
– Мислам дека е добар за спортот, некои работи ги прави на автентичен начин. Секој има право да се изрази на начин каков што тој сака. Има квалитет да победи секого – додава Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот