Ѓоковиќ ќе го престигне Федерер по бројот на освоени грен слем титули

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Трејси Остин, тврди дека на крајот од кариерите на двајцата тенисери, Ѓоковиќ ќе има повеќе трофеи од најважните турнири.

Новак Ѓоковиќ во неделата ја одбрани титулата на Австралија Опен и дојде до бројката од 17. грен слем трофеи во кариерата, со што им се приближи на најтрофејните тенисери, Рафаел Надал (19 титули) и Рожер Федерер (20).

Според поранешната најдобра тенисерка, Трејси Остин, прашање на време е кога Ѓоковиќ ќе го престигне Федерер по бројот на освоени грен слем турнири.

– Мислам дека на крајот Новак ќе биде најдобар. Прво, мислам дека пред себе има најмалку три или четири години на кои ќе игра на највисоко ниво. Тоа значи дека ќе може да освои уште големи трофеи без разлика на каква подлога ќе се игрља. Рафаел Надал можеби е најдобар на земјени терени, но мислам дека на крајот, Ѓоковиќ ќе има повеќе трофеи од Рафа и од Рожер – изјави Остин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот