Ѓоковиќ: Федерер е најдобар на сите времиња

twitter/Tennis World USA

Српскиот тенисер во разговорот преку Инстаграм со Станислас Вавринка, му оддаде големо признание на Рожер Федерер.

Бидејќи тениската сезона е суспендирана, најдобрите тенисери секојдневно комуницираат преку социјалните мрежи. По вчерашниот разговор преку Инстаграм со Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ денеска разговараше со уште еден добар пријател меѓу тенисерите, Станислас Вавринка.

Во разговорот, Ѓоковиќ му оддаде големо признание на Федерер и притоа се обиде да објасни зашто публиката на тениските терени не му e наклонета кога игра против Федерер или Рафаел Надал.

Можеме да зборуваме колку сакаме за тоа зошто навиваат против мене, но тешко е да се најдат вистинските зборови. Едно е сигурно, Рожер е веројанто најдобриот тенисер на сите времиња.


Навивачите го сакаат низ целиот свет и кога играм против него, не очекувам дека публиката ќе биде на моја страна, барем додека тој сè уште игра тенис. Тоа е нормално бидејќи станува збор за Рожер Федерер, а слично е и со Рафа Надал.

Тешко ми е да најдам зборови зашто има негативни реакции од трибините, но додека постои респект кас немам проблеми. Дали јас придонесдувам со своите постапки? Не би рекол, мислам дека Рожер и Рафа Надал се големи шампиони, харизматични личности, а јас сум дел од нивната ера.

Порано ми беше потешко кога играв против Рафа и Рожер, мислев дека не е фер, дека и јас заслужив да имам поддршка. Трошев премноги енергија на тоа, но како се развивав како спортист го прифатив тоа. Така чувствував олеснување и можев да се концентрирам само на натпреварот – му рече Новак на Вавринка.

Швајцарецот исто така доби интересен одговор на прашањето после кои мечеви Новак бил највеќе лут на себе.

По финалињата против тебе на Ролан Гарос и на УС Опен. Сценариото беше слично и во двата наптревари. Започнав добро, го освоив првиот сет, потоа игравме неколку израмнети гемови кои ги доби ти по што ја подигна играта на едно повисоко ниво. Не бев лут поради начинот на кој играв бидејќи ти едноставно беше подобар и тоа го прифатив. Но, ме нервираше што ги повторував истите грешки два пати – објаснува Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот