Главниот советник на Трамп за економија ги обвини Кинезите: Мора да платат за настанатата штета

САД веќе покренаа тужби против Кина, каде вирусот најпрво се појави.

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Петер Наваро смета дека Кина би требало да исплати компензација за штетата предизвикана од коронавирусот, бидејќи и понатаму го обвинуваат Пекинг за пандемијата.

„Сметката би требало да ѝ се испорача на Кина“

„Нанесоа неизмерна штета на светот која се уште трае“, рече Наваро за Си Ен Би Си.

„Сметката би требало да ѝ се испорача на Кина. Не е работата во казнувањето туки во тоа да се сметаат за одговорни“, додаде тој.

Наваро, некогашен професор и познат советник за кинески прашања, подоцна го повтори своето тврдење во друго интервју за Фокс Њуз и инсистираше Вашингтон да ги врати набавните ланци во САД.

„Силно верувам, и мислам дека Американците силно веруваат дека Кина ѝ нанесе билиони долари штета на оваа земја и дека мора да постои некој вид на компензација на штетата“, рече тој.

Тензиите меѓу САД и Кина лошо влијаеја на пазарот додека расте загриженоста дека трговската војна меѓу двете најголеми светски економии би можела да му нанесе штета и на опоравувањето од коронавирусот.

И Помпео ги обвинува Кинезите

САД веќе покренаа тужби против Кина, каде вирусот најпрво се појави.

И покрај загриженоста на двете партии во САД по прашањето на кинеското постапување во иницијалните фази од заразата, демократите го критикуваа начинот на кон Трамп се однесуваше кон кризата во САД, во која земјата има најмногу смртни случаи во светот.

Државниот секретар Мајк Помпео минатата недела ја обвини Кина дека е одговорна за стотиците илјади загубени животи и економскиот пад и се држи до теоријата дека вирусот настанал во лабораторија и покрај недостатокот на докази.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот