Главниот град на Бугарија во карантин: Забранет влез и излез од Софија

Бугарија го забрани влегувањето и излегувањето од Софија, почнувајќи од 17 април и ќе трае за време на Велигден во обид да ги зајакне мерките за запирање на ширењето на корона вирусот, јавуваат бугарските медиуми.

Забраната, како што наведуваат властите, била неопходна заради „масовно заминување“ на Бугарите од главниот град пред четиридневниот празничен викенд.

Генералот Венцислав Мутафчииски, началник на Бугарскиот Национален штаб за операции, рече дека заминувањата биле многу загрижувачки бидејќи Софија е центарот на избувнувањето во земјата и движењето ќе доведе до влошување на ширењето на корона вирусот.

Мутафчииски не ја исклучи можноста и за построги мерки за справување со лошата дисциплина на некои Бугари. Бројот на инфекции со корона вирус во Бугарија се искачи на 800, а бројот на смртни случаи е 38.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот