Ѓукановиќ: Извесно е дека владата на Кривокапиќ од 4 февруари ќе стане минато

Црногорскиот претседател и лидер на опозициската ДПС, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека се поизвесно е актуелната влада на Здравко Кривокапиќ на 4 февруари да стане минато.

Ѓукановиќ присуствуваше на седницата на Комитетот на ДПС за Подгорица, а во соопштението на партијата се наведува дека е констатирано дека партиската реформа има задоволителна динамика, но дека е исклучително важно процесот да се заврши темелно и квалитетно.

Партијата во соопштението нагласува дека „може да се гордее со придонесот што ДПС го даде во изминатите 18 месеци на полето на демократскиот развој на општеството и дека успеа да го одбие нападот на големосрпскиот национализам и за цело време, и од позиџија на опозицијата, соодветно да ги земе предвид државнте интереси”.

Ѓукановиќ посочи и дека треба да се заврши реформскиот процес во ДПС за успешно да се соочат со предизвиците што ја чекаат партијата во наредниот период и да покажат дека ја разбираат пораката што гласачите им ја испратија на изборите на 30 август.

Според него, извесно е дека владата на 4 февруари ќе стане минато.

ДПС соопшти и дека на седницата на Главниот одбор е констатирано задоволството од постигнатите резултати на ниво на главниот град во претходните четири години, „што е најдобар легитимитет за претстојниот изборен циклус во Подгорица”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот