Ѓорческа ја елиминираше шестата носителка на турнирот во Копер

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа ја продолжи добрата серија настапи и по одличните мечеви за нашата репрезентација претходната недела на стартот од ИТФ фјучрс турнирот В75 Копер во Словенија оваа недела оствари две победи.

Денеска најдобрата македонска тенисерка во мечот од првото коло во поединечна конкуренција ја совлада шестата носителка на турнирот, Анка Алексиа Тодони од Романија (191 место на ВТА листата) со 2:0 во сетови 6:4 и 6:1.

Ѓорческа во мечот имаше седум брејка од 11 можности, а противничката три од 12. Следна противничка на Ѓорческа ќе биде Дебора Киеса од Италија, од која загуби на вториот фјучрс во Кипар во март годинава.

Инаку Киеса која играше и во квалификациите на овој турнир во првото коло ја победи Зулета де Реалес од Шпанија 6:4 и 6:2.

Македонската тенисерка утре најверојатно ќе има два меча на програмата, во двојки заедно со Андреа Миту од Романија во четвртфиналето ќе играат против Ивана Севестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот