Ѓоковиќ веќе си постави нова цел, да оствари календарски грен-слем

EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

По освојувањето на титулата на Ролан Гарос, следна цел што си ја постави Србинот е да оствари календарски грен-слем, односно да ги освои сите четири грен-слем турнири во една календарска година, што не е постигнато од 1988 година

Малку постигнувања и рекорди останаа во тенисот што Новак Ѓоковиќ не ги остварил. По освојувањето на Ролан Гарос тој стана тенисер со најмногу освоени грен-слем титули, вкупно 23. Тоа го прави најтрофејниот тенисер во историјата.

По победата во Париз, Србинот си наметна нова цел, а тоа е таканаречениот календарски грен-слем, односно освојување на четирите грен-слем турнири во една сезона. Тоа не му пошло одрака ниеднаш.

На добар пат е да го стори тоа. Годинава Новак ги освои Австралија опен и Ролан Гарос. Сега следува Вимблдон (3-16 јули), па потоа САД Опен (28 август-10 септември).

– Фактот што ги освоив последните четири титули на Вимблдон ми дава голема самодоверба. Навистина уживам да играм таму. Би сакал и да имам шанса да испишам историја во Њујорк. Малку ми недостигаше да го сторам тоа пред две години, но ме спречи Медведев. Едвај чекам да се вратам во Њујорк – вели Србинот.

Тој беше на еден чекор да оствари календарски грен-слем во 2021 година, но изгуби во финалето на САД Опен од Данил Медведев.

Досега календарски грен-слем во сингл успеале да остварат Дон Баџ (1938), Морин Коноли Блинкер (1953), Род Лејвер (1962, 1969), Маргарет Корт (1970) и Штефи Граф (1988).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот