Ѓоковиќ денес игра финале за историја, може да сруши неколку рекорди

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ попладнево игра против Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, а освен што ќе игра за титулата српскиот тенисер има прилика да сруши многу рекорди.

Најважниот секако е што Ѓоковиќ би се искачил на вечната листа на победниците на грен-слем турнирите со 23 пехари, во овој момент е изедначен со Надал со по 22. Кога се гледа и женската конкуренција Ѓоковиќ би ја стигнал Серена Вилијамс и пред него би била само Маргарет Кор со 24, но од времето кога тенисот не се сметал за професионален спорт.

Ѓоковиќ исто така ќе стане првиот во светот со најмалку седум финалиња на четирите гренс-лем турнири, а со вкупниот број настапи во битките за пехар би се изедначил со Крис Еверт (34).

Со победа Ѓоковиќ би се вратил на првата позиција на АТП лисатата и ќе има добра прилика таму да остане до крајот на годината бидејќи следат Вимблдон, Синсинати и Ју-Ес Опен на кој може да освои максимални 5.000 бодови, така би бил недостижен за ривалите.

Ако се случи Ѓоковиќ да дојде и остане на врвот до крајот на годината тогаш би ја надминал границата од 400 недели на лидерската позиција и тоа ќе биде рекорд кој уште долго ќе остане предизвик за наследниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот