Ѓоковиќ бил испрашуван до 1.15 часот по полноќ по локално време

Новак Ѓоковиќ беше скандалозно пречекан на аеродромот во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, скандалозно беше пречекан на аеродромот во Мелбурн каде властите на сојузната држава Викторија не му дозволија влез во земјата, поради што српскиот тенисер остана „заробен“ на царина и бил испрашуван до скоро два часот по полноќ по локално време.

Владата на Викторија одби да му дозволи влез на Ѓоковиќ поради погрешна виза, по што тенисерот беше сослушан во имиграциското одделениот на аеродромот во Мелбурн.

Според новинарот Пол Сакал од „The Age“, Ѓоковиќ неколку часа бил испрашуван во просториите на аеродромот Туламаран и сето тоа траело со 1.15 часот по локално време.

Наводно, на испрашувањето останале неколку нерешени прашања, од кои најважни се дали Новак Ѓоковиќ има соодветна документација и дали позитивниот тест на коронавирус во последните шест месеци, за кого се претпоставува дека и причината за барање медицинско изземање, е доволен доказ за влез во Австралија.

Доаѓањето на најдобриот тенисер на светот во Австралија беше неизвесно поради наводните докази кои го поткрепуваат неговото изземање да се вакцинира против коронавирусот, како и потенцијалната погрешна пријава за виза.
Во меѓувреме со појави и првата фотографија од Новак Ѓоковиќ кој се уште е заробен на аеродромот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот