Хаос во Австралија: Владата не му дозволува на Ѓоковиќ да излезе од авион поради погрешна виза

Продолжува драмата околу настапот на Ѓоковиќ на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Сапуницата со настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, денеска доби нов непријатен чин откако сојузната влада на државата Викторија не му дозволува да го напушти авионот со кој пристигна во Мелбурн.

Додека Новак беше на пат кон Австралија, настана вистински хаос, а последните инфорации се дека Ѓоковиќ безбедно слетал во Мелбурн околу 23.30 часот по локално време и веднаш се појавиле проблеми со визата поради која целата земја е на нозе.

Поради општиот хаос околу надлежноста, моментно неизвесно е дали Ѓоковиќ ќе добие влез за виза во Австралија.

Австралиските медиуми тврдат дека проблемот настанал кога граничната полиција ја контактирала федералната влада на Австралија бидејќи тимот на Ѓоковиќ предал погрешна виза за влез во сојузната држава Викторија, односно Мелбурн.
Федералните власти потоа побарале од сојузната држава Викторија да ја подржи неговата пријава, но тоа барање било одбиено.

Најверојатно ќе му биде дозволено да влезе во Мелбурн, но оваа грешка направи вистински хаос“, пренесуваат медиуите од Австралија.

Во меѓувреме се огласи и министерката за работа, Џала Пулфорд која напиша дека нема да го поддржи барањето за виза на Новак Ѓоковиќ, додавајќи дека за тоа одлучува сојузната влада и лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот