Гинекологија доби нов економски директор

Ајрула Мустафи е новиот економски директор на Клиниката за гинекологија, кој е назначен на оваа позиција откако неговиот претходник Валон Бела беше сменет бидејќи влезе во медиумска војна со економската диркеторка Викторија Јовановска.

Од директорксите позиции си заминуваат и директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, како и директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ.

Ставриќ оставката ја има депонирано подолго време, но никако да се најдат замена. Во лекарските кругови се споменуваат неколку имиња на лекарки од оваа клиниката како можни наследнички на Ставриќ но потврда за тоа кој ќе биде засега нема.

Изненадување предизивка смената на Мехмедовиќ, бидејќи во јавноста постоеше мислење дека добро за извршува својата функција, особено во делот на теренското вакцинирање што беше направено поради епидемијата на морбили.

Владата треба да именува наследник и на Салија Љатифи која го води Геронтолошкиот завод во Скопје.

Од Министерството за здравство  велат дека наредните денови ќе бидат именувани и останатите директори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот