Германските екипи дефинитивно ги отвораат вратите за навивачите

epa07955096 Fans of Dortmund celebrates during the German Bundesliga soccer match between FC Schalke 04 and Borussia Dortmund in Gelsenkirchen, Germany, 26 October 2019. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

На состанокот на претставниците на 16 германски покраини е договорено да се воведе пробен период во траење од шест недели на кои ќе биде дозволено присуство на навивачи на фудбалските натпревари.

Според договорот, на стадионите ширум Германија ќе може да има публика највеќе до 20 проценти од капацитетот на стадионите

На стадионите низ Германија ќе се применуваат строги епидемиолошки мерки како што се мерење на температура на влезовите, одржување на дистанца и постојано носење на заштитни маски, а алкохолот ќе биде забранет.

Забрането ќе биде доаѓање на гостински навивачи, а секоја влезница ќе биде персонализирана за да може да се следи движењето на сите лица кои ќе бидат присутни на стадионите.

По објавата на надлежните институции дека ќе дозволат навивачи, неколку екипи веднаш се огласија во јавноста и објавија колкаво присустви на навивачи ќе дозволат на своите стадиони.

Борусија Дортмунд чиј стадион „Сигнал Идуна Парк“ е најголем во Германија со капацитет од 82.000 седишта ќе пушти само 10.000 сопственици на сезонски билети, додека Келн објави дека вратите од стадионот ќе бидат отворени за 9.200 фанови и тоа почнувајќи од претстојниот викенд кога на домашен терен во првото коло од Бундеслигата го пречекуваат Хофенхајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот