Германски полицајци суспендирани од работа поради ултрадесничарска пропаганда

Во германската провинција Северна Рајна – Вестфалија 29 полицајци се привремено отстранети од работа поради ултрадесничарска пропаганда.

На нивните мобилни телефони биле пронајдени фотографии од Адолф Хитлер, како и од гасни комори.

Полицајците се обвинети дека посетувале ултрадесничарски сајтови, на кои се споделуваат екстремистички содржини како свастики и други нацистички симболи забранети според германскиот Устав.

Германската полиција при вчерашниот претрес на 34 полициски станови и домови во Северна Рајна – Вестфалија открила вкупно 126 фајлови со криминална содржина, што се споделувале во пет групи на „ВацАп”.

Една од тие групи постои од 2012 година, а другите што биле користени за размена на фајлови постојат од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот