Германија планира трета доза на вакцина за стари и ранливи лица

epa-efe
Фото: EPA-EFE/Carlos Ortega

Од 1 септември, Германија планира да предложи примена на третата доза на вакцина против ковид-19 за стари и ранливи лица, пренесува агенцијата Франс прес, повикувајќи се на предлогот на Министерството за здравство.

Нацрт -текстот, исто така, предлага вакцинација на деца и млади луѓе на возраст од 12 до 17 години, според АФП.

Министерот за здравство Јенс Спан и неговите колеги од 16 германски федерални покраини треба да го завршат планот, што го направија шефовите на Министерството за здравство на состанокот во понеделникот.

Во текстот се наведува дека мобилните тимови ќе ги посетат установите за нега на стари лица со цел дополнително да ги вакцинираат корисниците со вакцините Вајзер / Бајонтек и Модерна, без оглед на тоа која вакцина ја примиле порано.

Во исто време, лекарите ќе можат дополнително да вакцинираат постари лица и пациенти со ослабен имунолошки систем.

Документ од германските здравствени власти се повикува на неодамнешното истражување кое покажува дека имунитетот стекнат со вакцинација ослабува со текот на времето и дека тоа ги става чувствителните луѓе во ризик.

Во Германија, само 52% од населението досега е целосно вакцинирано, а здравствените власти сакаат да ги отворат сите точки за вакцинација за млади на возраст од 12 до 17 години, за да може вакцинацијата да ја организираат училишните институции и универзитетите.

Агенцијата Франс прес потсетува дека Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри вакцинација со вакцината Фајзер  / Бионтек и Модерна за сите лица постари од 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот