Германија отвoра пат кон легализација на канабисот

Парада за легализација на канабисот во Германија
Парада за легализација на канабисот во Германија / 11 август 2018 / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Германската Влада денеска го отвори патот кон легализација на канабисот, иако останува нејасно дали планот ќе помине на европско ниво, пренесе ДПА.

Според планот одобрен од Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц, канабисот и активната супстанција тетрахидроканабинол (THC) повеќе нема да бидат законски класифицирани како наркотици.

Купувањето и поседувањето до 30 грама канабис би било ослободено од казна, приватното одгледување би било дозволено во ограничен обем, а ќе биде можна и продажбата на возрасни лица во „лиценцирани специјализирани продавници” и евентуално во аптеки.

Дали тоа навистина ќе се случи, сепак, останува да се види, коментира ДПА. Европските правила за канабис би можеле да и застанат на патот на легализацијата во Германија.

Меѓународната правна рамка нуди „ограничени опции за спроведување на проектот на коалицијата”, според планот одобрен од Кабинетот во Берлин.

Во коалицискиот договор, централно-левичарската СПД на Шолц, Зелените и про-бизнис ФДП се согласија да воведат „контролирана дистрибуција на канабис до возрасни за потребите на потрошувачката во лиценцирани продавници”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот