Герасимовски: Општина Центар ја негува инклузивноста

Фото: Општина Центар

Денеска на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, Изеир Мемеди, ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа отворен  во ООУ „Киро Глигоров“ на која покрај децата со церебрална парализа се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром.

Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е и ова училиште кое всушност е прво училиште во државата со отворен дневен Центар за деца со церебрална парализа. Центарот има капацитет за згрижување на 40 корисници, а во моментов го посетуваат 32. На денешната работилница може да видиме дека децата одлично се дружат, тие овде ја добиваат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, имаат на располагање стручен кадар но и најсовремени средства и дидактички материјали. Овој Центар претставува голем чекор којшто обезбедува инклузија за сите деца со попреченост, порача Герасимовски.

Центарот за деца со церебрална парализа, кој започна со работа во 2019 година, се протега на површина од 305 м2 и е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, рампи за пристап до ботаничка градина и спортски терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

Од Општина Центар соопштуваат дека преку отворање на ваков центар се покажува грижа и целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството како и огромното значење за локалната заедница во обезбедување поквалитетен живот за сите граѓани во целата заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот