Георгиевски: Мора да ја подобриме играта во напад

фото: РК Вардар

Ракометарот на Вардар, Гоце Георгиевски, смета дека играта на утрешниот противник во Лигата на шампионите ќе биде идентична како и на средбата од Скопје, односно Порто повторно главен акцент ќе стави на играта седум на шест во нападот.

– Не очекува тежок натпревар со Порто. Играме во ЛШ по паузата, и тоа против познат противник со кого игравме во Скопје. Ја имавме победата во раце, но на крајот примивме несреќен гол за реми и можам да кажам дека се квалитетна екипа.
Не чека долг пат имаме уште два дена за подготовки, ја анализиравме нашата игра од претходниот натпревар против нив. Нивната игра седум на шест ја практикуваа речиси цел натпревар во Скопје и мислам дека така ќе играат и сега и ќе се подготвиме за тоа. Во нападот имавме грешки во првиот натпревар и тоа треба да го подобриме додека  одбраната беше добра. Имаме згуснат распоред, не очекуват дуели со Фленсбург и Париз, но сега треба да мислиме само на Порто и мислам дека ова е важен натревар за нас и очекувам да извлечеме поволен резултат за нас – вели Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот