Газдите на ПСЖ наредија да се започнат преговори со Зидан

Зинедин Зидан наскоро може да се врати на тренерската работа/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Катарското кралско семејство, кои се сопственици на ПСЖ, им наредија на претседателот Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо, да започнат прговори со Зинедин Зидан кој треба да го наследи Маурисио Покетино на клупата.

Наводно, Зидан е заинтересиран да се врати на тренерската работа откако по крајот на сезоната си замина од Реал Мадрид и најави дека ќе направи едногодишна пауза од работата. Тој во неформален разговор со претставници на ПСЖ веќе ја претставил својата визија и лесно може да се случи сценариото од минатата зима кога Покетино го замени Томас Тухел.

Во ПСЖ сметаат дека Зидан е идеално решение за клупата, неговото доаѓање во било идеален маркетиншки потег, но и дополнителен мотив за француските фудбалери во клубот, а и за останатите ѕвезди во екипата.

Главната замерка за Покетино е тоа што не може да ја контролира соблекувалната, но и не може да најде систем на игра кој ќе им одговара на трите ѕвезди, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот