Газдата на Сампдорија поднесе оставка по апсењето

Масимо Фереро денеска беше уапсен поради финансиски малверзации/ фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро си поднесе оставка од функцијата, откако утринава беше уапсен од финансиската полиција поради корпоративен криминал и лажен банкрот.

„Со големо запрепастување дознавме дека денеска беше донесена одлука за истражен притвор против Масимо Фереро. Тоа беше барање на обвинителството, во врска со настани кои се случија пред многу години. Меѓутоа, за да ги заштити интересите во другите фирми и посебно да избегне било какви шпекулации поврзани со Сампдорија и со фудбалот, Фереро поднесе оставка“, соопшти Сампдорија.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Фереро е приведен поради наводни финансиски малверзации и пријавување лажен банкрот, но тоа не е поврзано со клубот.

Исто така пред два дена, Фереро во интервју за „Република“ изјави дека е уморен и дека бара инвеститори кои би можеле да го купат клубот.

Апсењето и оставката на Фереро доаѓаат во момент кога на клупата на Сампдорија да го ангажира актуелниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот