Гатузо не брза за нов договор со „наполитанците“

твитер

Џенаро Гатузо не е фан на долги договори и според италијанските медиуми одлучил да го одложи потписот за продолжување на соработката барем до наредната пролет.

42-годишниот тренер дојде како наследник на Карло Анчелоти минатиот декември и има важечки договор кој истекува во јуни 2021 година.

Ниту претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис не се брза во одлуката да се продолжи договорот на Гатузо кој успеа во минатата сезона заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас да го освои Купот на Италија.

Тема на денешниот состанок со Де Лаурентис и директорот Кристиано Гинтоли во Капри беа подготовките за новата сезона и плановите за евентуални нови трансфери.

Се најавува трансферот на Виктор Осимен од Лил за 50 милиони евра, воедно се бара замена за Хозе Каљехон, кој го напушта клубот по истекот на неговиот договор, а останува да се види кои желби ќе бидат исполнети од Де Лаурентис.

Гатузо ветува дека неговите играчи ќе се борат за врвот на Серија „А” и гарантира враќање во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот