Гатузо: Ќе го решам проблемот на „свој начин“ (ВИДЕО)

EPA-EFE/GIORGIO BENVENUTI

Победата на Милан над Болоња мина во сенка на конфликтот помеѓу тренерот на „росоњерите“ Џенаро Гатузо и Темуе Бакајоко. Имено, тренерот и фудбалерот, имаа конфликт во 26. минута кога Бакајоко одби да влезе во игра на местото на повредениот Ликас Биља по што разменија тешки зборови.

Камерите го фатија Бакајоко како го пцуе својот тренер со зборовите „оди е** се“, а одговорот на Гатузо бил “Ќе се пресметаме по натпреварот“.

– Играчите можат да ми кажат што сакаат, но најважно е да не недостасува респект меѓу соиграчите. Инцидентот ќе го решам во соблекувалната, сакам да зборувам на свој начин, без ТВ камери – изјави Гатузо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот