ГАЛЕРИЈА| Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата

Настанот се одржа по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

На отворениот ден беа изложени дел од воената опрема, технологија и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите JLTV оклопни возила, а свој настап имаше и воениот оркестар. Припадниците на армијата ги прикажаа нивните алпинистичките вештини и беше изведена показна вежба со армиските кучиња.

Претседателот Пендаровски посочи дека ова е одлична можност граѓаните непосредно да се запознаат со најновата опрема и возила со кои располага нашата Армија.

Тој им честиташе на армиските припадници за професионалноста и изрази поддршка на континуираното опремување и модернизација на вооружените сили, додавајќи дека подготвеноста и ефикасноста на армијата е од клучно значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот