Галеника произведе хлорокин во Србија: Од вторник ќе започне со употреба

Архива на СП

Српската фармацевтска компанија Галеника го произведе лекот хлорокин, кој се користи во борбата против коронавирусот и тој од вторник ќе може да се користи, дознава Телеграф.рс.

Во Галеник се произведени, како што дознава Телеграф, 372.000 таблети од овој лек, а супстанцата за нивното производство пред два дена стигна во Србија.

Хлорокин е лек кој се користи за спречување и лечење на маларија во регионите во кои е познато дека болеста е чувствителна на неговите ефекти. Исто така лекот експериментално се користи за лечење на Ковид-19 од 2020 година.

Хлорокин во 1934 година го открил германскиот научник Ханс Андерсаг. Се наоѓа на листата на есенцијални лекови на Светската здравствена организација, меѓу најсигурните и најефикасните лекови потребни во здравствениот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот