Фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот

Фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, како резултат на последицата од најголемите даночни намалувања во Велика Британија во последните 50 години, пренесува Би-Би-Си.

Во почетокот на трговијата во Азија, фунтата падна близу до 1,03 долари, пред да заземе одредено ниво за утрово да застане на околу 1,06 долари.

Министерот за економија на Британија, Кваси Квартенг вети повеќе даночни намалувања покрај пакетот од 45 милијарди фунти што го објави во петокот, поради очекувањата дека задолжувањето ќе се зголеми.

Фунтата исто така беше под притисок поради јакнењето на доларот.

Еврото, исто така, допре свежо 20-годишен минимум во однос на доларот во утринската азиска трговија, поради загриженоста на инвеститорите за ризикот од рецесија како што се приближува зимата без знаци за крај на енергетската криза или војната во Украина.

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот