Фудбалските надежи ќе играат Елитната фаза квалификации за ЕП

фото: ФФМ

Македонската репрезентација до 19 години го совлада Луксембург со 3:0, Босна и Херцеговина загуби со 4:1 од Англија и поради подобра гол разлика Македонија обезбеди пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство.

Во последното коло од квалификацискиот турнир кој го организиравме во Скопје, тимот предводен од селекторот Горан Станиќ го победи Луксембург со 3:0.

Македонските надежи постигнаа два гола во последните минути од првото полувреме. Давид Тошевски во 44. минута го отвори резултатот, а во надополнувањето на првиот дел предноста ја удвои Арби Воша.

Претходно, Елизи и Тошевски имаа обиди за отворање на резултатот, но не беа прецизни.
Во вториот дел, еднаш дирекот беше наш сојузник, а Мурати даде трет гол кој значеше пласман во елитата, кога веќе Англија имаше сигурни 4:1 против Босанците на стадионот во Ѓорче Петров.

Македонија ремизираше без голови со БиХ во првото коло, а потоа загубивме од Англија. Англичаните со максимални девет бода се први, Македонија е втора со четири бода, поради подобрата гол – разлика од БиХ, која со четири бода исто така ги завршува квалификациите, а Луксембург со три порази е последен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот